ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Од утре започнува полициски час и маратонски карантин се до понеделник!

По денешниот прелог кој го донесе Комисијата за заразни болести на денешниот состанок, Владата донесе одлука  за воведување полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8…

По денешниот прелог кој го донесе Комисијата за заразни болести на денешниот состанок, Владата донесе одлука  за воведување полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, во Општина Куманово, Општина Липково, Општина Штип, Општина Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Во сите останати градови полицискиот час да трае од утре (4 јуни) во 21 часот до задутре (5 јуни) до 5 часот наутро, додека во останатите денови да почнува од 16 часот и да трае до следниот ден до 5 часот наутро.

Во сите останати градови, полициски час ќе има од утре во 21 часот до петок во 5 часот наутро, додека во останатите денови до недела ќе почнува од 16 часот до 5 часот наутро.

Се забранува и посета на гробишта во цела Македонија, освен за погреби. В петок и во сабота е Задушница, кога православните верници ги посетуваат гробовите на своите најблиски и раздаваат храна за душа на покојните. Петок е неработен ден за сите православни верници, а владата денеска го прогласи за неработен за сите граѓани.

Предлог-мерките на Комисијата следат по зголемениот број ново-дијагностицирани случаи со Ковид-19 во земјава. Филипче рече дека најголем број од новите заболени се резултат на семејни собири и неносење заштитна опрема, како и неправилниот превоз на вработените во штипските конфекции. Тој рече дека, освен непочитувањето, големиот број новозаразени се резултат и на неказнувањето на прекршителите од страна на МВР.

На состанокот, што го свика министерот за здравство Венко Филипче присуствуваа членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи на кој се разговараше за понатамошното делување во насока на спречување на ширењето на заразата.

Дополнително на состанокот на претставниците на Министерството за внатрешни работи им беа укажани потешкотиите со кои се соочуваат екипите на терен во однос на пристап до луѓе за тестирање и прекршувања на мерката за самоизолација. Од службите на МВР беше побарана поголема ажурност, ефективно делување на терен, контрола и санкционирање на прекршувањата на мерките, стои во соопштението.


Related Articles