Сестра и техничар од ГАК позитивни на коронавирус, Филипче за вториот бран ги обвинува граѓаните

Министерот за здравство Венко Филипче денеска преку прес- конференција откри дека во ГОБ 8 септември има заболено еден доктор, седум медицински сестри како и лица од техничката служба на оваа…

Министерот за здравство Венко Филипче денеска преку прес- конференција откри дека во ГОБ 8 септември има заболено еден доктор, седум медицински сестри како и лица од техничката служба на оваа болница.

Тој додава дека и на ГАК има заразено една медицинска сестра и еден техничар.

Со ова бројката на заразени здравствени работници достигна 11.

Филипче на пресот изјави и дека вториот бран е резултат на непочитување на мерките, обвинувајќи ги граѓаните за своето несовесно однесување.

 


Related Articles