Филипче: Луѓето кои заминаа овој викенд пред почетокот на полицискиот час нема да се тестираат

Министерот за здравство, Венко Филипче на вчерашната прес-конференција наведе дека нема да се тестираат оние граѓани кои заминале викендов во некои од туристичките места, доколку не постојат индикатори за тоа…

Министерот за здравство, Венко Филипче на вчерашната прес-конференција наведе дека нема да се тестираат оние граѓани кои заминале викендов во некои од туристичките места, доколку не постојат индикатори за тоа и додаде дека мерките за карантин не се дискриминтароски, туку се носени врз основа на проценка на ризик од епидемиолошките анкети за тоа каде се движеле оние кои се дијагостицирани, а се астимптоматски носители.

Тој на прашањето околу тоа дали е коректна мерката да се воведе тридневен полициски час во Скопје, со оглед на тоа што повеќето граѓани го напуштиле градот и заминале во регони каде е воведен полициски час од 16:00 часот, нагласи дека каде и да се наоѓаат граѓаните мерките мора да се почитуваат за носење на заштитна опрема, држење растојание и негрупирање.

Оттука се поставува прашањето, дали мерките за држење растојание и негрупирање можеа да се применат и во моментот кога во последен час беше објавен маратонскиот карантин, а граѓаните масовно излегоа да пазаруваат по маркетите  и зелените пазари. Дали тие километарски редици се должеа на несовесното однесување на граѓаните или на ненавременото објавување на одлуката да се воведе 80 часовен полициски час. Дали ваквото однесување на властите и надлежните институции треба да се санкционира бидејќи свесно или несвесно придонесуваат во потенцијалното ширење на заразата наречена Ковид-19?, се само дел од коментарите на кои наидовме по социјалните мрежи каде загрижените граѓани го изразуваа своето незадоволство од начинот на справувањето со корона-кризата во Македонија.


Related Articles