Глобално регистрираните случаи на коронавирус достигнаа 9 милиони, додека светот продолжува да се бори за рестартирање на економијата со воспоставените пост-пандемски безбедносни мерки.
Првиот случај беше пријавен во Кина на почетокот на јануари и до почетокот на мај бројот на заразени скокна на четири милиони. Но, беа потребни само месец и половина за бројката да достигне девет милиони случаи.
Глобалните смртни случаи достигнаа 468 756 починати лица. САД сè уште водат во светот со најголем број инфекции, 2 349 559 случаи или 25% од сите пријавени случаи и со 122 206 смртни случаи.
Бројот на починати од коронавирус во Бразил се искачи на речиси 50 182, според Министерството за здравство, со што Бразил се искачи на второто место, додека 1 073 376 се заразени.