Анализата на статистиката покажала дека здравствените работници и оние во системот за социјална заштита кои се тестираат, најверојатно, се позитивни на вирусот. Статистичките податоци покажуваат дека имало 59.000 повеќе смртни случаи во Британија од март до јуни годинава од просекот во претходните пет години. Според официјалните британски податоци, вкупно нешто повеќе од 44,000 луѓе починале од Ковид-19.
Статистичките податоци сугерираат некои модели како што се оние кои имаат директен контакт со други во својата работа и кои не работат од дома, со поголема веројатност да тестираат позитивно на коронавирусот.
Исто така, постојат некои докази дека луѓето кои живеат во поголеми семејства поверојатно ќе бидат позитивни на коронавирус во споредба со домаќинствата со помалку членови. Иако мажите се статистички со поголема веројатност да починат од коронавирус, студијата не покажала дека има поголема веројатност да се заразат.
Опасноста од пренесувањето на вирусот преку асимптоматски носители веќе е предупредувано од Светската здравствена организација и научните советници на британската влада, но не се знае кој е ризикот од вакво пренесување. Статистичката студија покажа дека 78 проценти од позитивите на коронавирус кои немаат симптоми на денот на тестирањето, биле асимптоматски пациенти кои никогаш не развиле симптоми.
– Ова укажува на важноста на проблемот на луѓето кои не се свесни дека го носат вирусот и го шират наоколу, пишува Би-Би-Си.
Во однос на вкупниот број испитаници вклучени во истражувањето, 33% имале симптоми на денот на тестирањето, а остатокот ги развиле после тоа.