Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември 2020г., тестирани се вкупно 9 661 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, забележано е зголемување од 15,7% во однос на минатата недела.

Регистрирани се вкупно 951 позитивни случаи од 29 градови во државата што претставува зголемување од 34,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани – 154,3 на 100.000 жители. Во истиот период, во 16 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.

Процентот на позитивни случаи изнесува 9.8% или 1.4 % повеќе во однос на претходната недела. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 и 10-19 години.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, регистрирани се 80 хоспитализирани што претставува намалување од 37% во споредба со минатата недела, а кај 268 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи во периодот од 14-20 септември, 313 имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 33 лица со историја на патување во последни 14 дена.

Пријавени се 48 смртни случаи, 21 повеќе од минатата недела. Во однос на возраста, 32 лица биле над 60 години, 8 на возраст од 50-59, 4 од 40-49 години, 3 од 20-29 и еден случај од 30-39 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Сovid-19 во Република Македонија 14 -20.09.2020г., како и кумулативна состојба со Сovid-19 во Република Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје