49 годишна медицинска сестра од Охрид ја загуби битката со коронавирусот

Медицинска сестра вработена во општата болница во Охрид ја загуби битката со коронавирусот. Станува збор за 49 годишната Дијана Димоска која важела за една од омилените во болницата. -Нејзината прерана…

Медицинска сестра вработена во општата болница во Охрид ја загуби битката со коронавирусот. Станува збор за 49 годишната Дијана Димоска која важела за една од омилените во болницата.

-Нејзината прерана смрт е голема загуба за нејзиното семејство и за сите нас. Загубивме професионалец, медицинска сестра со ведар дух и топлина. Омилена кај пациентите и кај вработените, велат од болницата.

Димоска својот професионален ангажман го започнала во 1993 година на одделот ОРЛ, потоа во невропсхијатриски оддел, а последните години била дел од тимот во одделението за интерни болести.


Related Articles