Куркумата е добро позната јужно-азиска зачинска билка која има голем број здравствени придобивки. Дали знаевте дека таа може да ја подобри работата на црниот дроб и мозокот?
Овој зачин се користел со векови како лек за болестите на црниот дроб. Меѓутоа ескпертите започнале да ги испитуваат здравствените ефекти научно-докажано изминатите 20 години. Она што тие го откриле е дека куркумата е доста корисна затоа што има значајни анти-инфламаторни и антоксидансни ефекти.
Нејзината активна состојка куркумин го намалува ризикот од појава на болести на црниот дроб со што помага при чистењето на токсини од телото. Во хепарот се врши акумулација, но и исфрлање на сите отрови од телото па затоа редовното исфрлање на отровите е препорачлив за секого.
Храната, начинот на живот, стресот, загаденоста во воздухот, хемикалиите и бројни фактори влијаат врз акумулацијата на токсини во телото. Колку повеќе токсини толку е поголема веројатноста за појава на болести и намален имунитет.
Доколку сакате да се чувствувате свежи тогаш овој рецепт е одличен за детоксикација во било кој период од годината.
Состојки:
1/4 лажица куркума
1-2 чаши вода
Метод на подготовка:
Зовријте ја водата, додајте ја куркумата и гответе уште 10 минути. Оставете малку да се олади и пијте ја топла рано наутро пред да го консумирате својот појадок.