Во 2001-ва година на Лидија Ристевска од Битола и е дијагностицирана Мултипла Склероза, невролошка автоимуна хронична болест која често доведува до телесни и сознајни попречености. Оттогаш таа добро се снаоѓаше со симптомите, се до пред 2 и пол години кога доби силен напад кој ја доведе до целосна парализа, проблеми со дишење и голтање и други.

Во декември минатата година ја направи првата трансплантација со матични клетки во Москва, Русија, од кога ги почувствува првите подобрувања: се поврати сензибилитетот и дишењето се нормализира.

Моментално Лидија се наоѓа на повеќемесечна рехабилитација со роботика во Србија, каде полека започнува со првите движења.

Втората трансплантација на матични клетки е треба да се изврши оваа година. Од оваа трансплантација се очекува дека Лидија ќе може да застане на нозе и да почне самостојно да функционира. На Лидија и недостигаат уште 5000 евра до целта, коишто таа не може сама да си ги обезбеди.

Да и помогнеме на Лидија да ја заврши мисијата до крај и да може повторно да ужива во прошетките во природа, да почне повторно да плива – нејзино страсно хоби, и пред се да може повторно да и се посвети на својата ќерка, која моментално ја презема улогата на својата мајка.

Лидија им се обраќа на сите хумани луѓе да донираат во рамки на своите можности за да се соберат потребните средства на време и да замине на закажаната втора трансплантација.

Можете да донирате на следниов начин: