Со почетокот на есента започнаа и проблемите на скопјани со аерозагадувањето. Утринските и вечерните часови се најаларманти, а граѓаните стануваат и легнуваат во магла и смог. Иста е ситуацијата и вечерва. Доколку погледнеме надвор од нашите домови ќе забележиме густа магла, односно загадување кое ни го сопира погледот на само 100 метри оддалеченост.
Според мерните станици вечерва најзагадено е во Маџир Маало каде се забележани 410 пм10 честички на метар кубен. Потоа следува Кисела Вода со 398 пм 10 честички, Ново Лисиче со 296 и Гази Баба со 287 пм10 честички на метар кубен.
Втор по загаденост е Гостивар чие ниво е 6 пати повисоко од дозволеното. Тој според мерните станици има 328 пм10 честички на метар кубен. Високи вредности се забележуваат и во Кавадарци, Тетово и Велес.