Одржувањето на здравјето на белите дробови е клучно за да се чувствувате добро. Но, голем број фактори, како што се цигарите и изложеноста на загаденоста, но и токсини во животната средина, можат да го нарушат здравјето на овие важни органи. При оваа пандемија на коронавирус, кој што најмногу ги напаѓа белите дробови, здравјето на овој дел од телото е од уште поголемо значење.
Следува список од производи и намирници кои можат да ја подобрат работата на белите дробови:
Цвеклото и репката се богати со нитрати, за кои е докажано дека ја подобруваат функцијата на белите дробови. Нитратите помагаат во опуштање на крвните садови, го намалуваат крвниот притисок и го оптимизираат внесот на кислород.
Пиперката е еден од најбогатите извори на витамин Ц кој делува како моќен антиоксиданс во телото. Внесувањето на витамин Ц е особено важно за пушачите.
За јаболката, истражувањата покажаа дека консумирањето пет или повеќе од нив неделно е поврзано со подобра функција на белите дробови и намален ризик од развој на хронично белодробно заболување. Ова може да се должи на високата концентрација на антиоксиданси во јаболкото, вклучувајќи ги флавоноидите и витаминот Ц.
Тиквата содржи многу соединенија кои помагаат во одржување на здравјето на белите дробови. Особено е богат со каротеноиди кои имаат моќни антиоксидантни и антиинфламаторни својства.
Куркумата, исто така,често се користи за подобрување на целокупното здравје поради своите моќни антиоксидантни и антиинфламаторни влијанија. Куркуминот – главната активна состојка на куркумата, може да биде особено корисен за белите дробови.
Доматот пак, е еден од најбогатите извори на ликопен во исхраната. Докажано е дека доматите го намалуваат воспалението на дишните патишта кај луѓето со астма. Тука спаѓаат и боровинките, зелениот чај, црвената зелка, гравот, маслиновото масло, остриги, јогуртот, бразилските ореви, блитвата, рибата сардела…
Кафето, покрај обезбедувањето енергија наутро, може да помогне и во заштита од респираторни заболувања. Кофеинот делува поволно во отворање на крвните садови и може да помогне во намалување на симптомите на астма, барем на краток рок. Во таа смисла, се препорачува и какао, јачмен, леќа.
Леќата е богата со многу хранливи состојки што помагаат во подобрувањето на работата на белите дробови, вклучувајќи тука и магнезиум, железо, бакар и калиум. Медитеранската храна којашто се поврзува со здравјето на белите дробови, е исклучително богата со мешунки како во случајов леќата.