По повод 100 дена Влада, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денес одржа прес конференција на која ги искоментира сите недостатоци и незавршени, а ветени проекти од страна на Владата на СДСМ.
– Поради отсуство на стратегија и акутна неспособност на здравстсвото во Македонија за 100 дена се загубија 1400 животи. Во Македонија се умира поради тоа што здравствениот систем е отруен од неспособноста да се менаџира со него, рече Мицкоски.
Во продолжение за здравството во Македонија тој ги истакна најголемите пропусти и недостатоци:
– Недозволиво висока стапка на смртност. И точно е дека поради корона кризата секаде состојбата е лоша, но овде смртноста е извонредно висока, државава е седма во светот по степенот на смртност на милион животи, а тоа е така поради неорганизираноста на здравствениот систем, неспособните Филипче и Заев.
– Недостиг за обучен медицински кадар. Во исто време пријавени се во заводот за вработување околу 3000 невработени здравствени работници.
– Поради ненавремено обезбедена и несоодветна лична заштитна опрема резултиратот е бројка од околу 1800-2000 заразени здравствени работници и десетина починати.
– Социјалните мрежи станаа арена за барање на помош и донации со кои се спасуваат животи поради тоа што државното здравство е пред крах.
– За Клинички центар не треба да трошиме зборови, ни трага, ни глас од ветениот Клинички центар, а еве поминаа 4 години.
– Груба и брутална лага е дека лекарите земаат 100.000 денари плата. Капитацијата на матичните лекари не е покачена иако ветуваа. Тие не се помогнати ниту во ковид пандемијата.
– Дежурства на специјализантите не се платени, приватните специјализанти немаат ниту здравствено осигурување.
– Се прекршуваат мерките за претпазливост и борба против Ковид-19 пандемијата со тоа што не се пријавуваат и вешто се прикриваат заразени наставници и ученици.