Онколошките пациенти болни од Ковид-19 можат да го шират вирусот и подолго од два месеци

Според последното научно истражување, онколошките пациенти болни од Ковид-19 можат да останат заразни и да го шират вирусот и повеќе од два месеца од почетокот на заразата. Причината се крие во…

Според последното научно истражување, онколошките пациенти болни од Ковид-19 можат да останат заразни и да го шират вирусот и повеќе од два месеца од почетокот на заразата. Причината се крие во имунолошкиот систем на овие пациенти кој е ослабен поради примањето на хемотерапии или зрачења.

Во новата студија експертите анализирале примероци од слуз и брисеви на 20 имуносупримирани пациенти кои што боледувале од рак, а истовремено биле заразени со коронавирусот. Утврдиле дека тројца пациенти опфатени со истражувањето биле заразни и подолго од три седмици по појавата на симптомите, а еден од нив бил заразен дури 61 ден.

Тројца пациенти во претходните шест месеци биле подложени или на трансплантација на матичните клетки или на терапија со генетски модифицирани имунолошки клетки наречени CAR T-клетки. Кај двајца се развила потешка форма на Covid-19 и се покажало дека ниеден од споменатите онколошки пациенти немал антитела на вирусот.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) во моментов им препорачува на здравствените работници во текот на лекувањето на ваквите пациент кај кои е загрозен имунолошкиот систем, да применат дополнителни мерки на претпазливот, како што се носењето респораторни наместо хируршки маски за лице, и да ги изолираат пациентите до 20 дена по појавата на симптомите.

Една од авторките на студијата од Центарот за рак во „Memorial Sloan Kettering“ вели дека не може со сигурност да се каже дали онколошкиот пациент кој боледува од Covid-19 е заразен и три седмици од почетокот на заразата и дали треба медицинскиот персонал и членовите на неговото семејство да спроведуваат превентивни мерки и подолго од тоа.

Мораме постојано да имаме на ум дека имунокомпромитираните пациенти може да бидат заразни за луѓето околу нив и подолго од очекуваниот период, посочуваат докторите.


Related Articles