Американските Соединети Држави се соочуваат со нов четврти бран на коронавирусот. Директорката на Американските Центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Рошел Валенски изјави дека според најновите податоци на бројот на заболени и ширењето на новите мутации на вирусот можат да ја изгубат предноста која ја стекнаа во борбата со истиот.
Мутациите кои во моментов се раширени и позаразни од останатите се оние кои се сретнуваат во Велика Британија, Јужноафриканската Република и Бразил. ЦДЦ посочи дека многу заразниот вид Б. 1.1.7, првпат откриен во Велика Британија, ќе стане доминантен во САД овој месец.
САД минатата недела имаа бројка од околу 70 000 нови случаи на заразени, а беа регистрирани околу 2000 смртни случаи на дневна основа. Директорката Валенски оцени дека САД имаат можност да го запрат потенцијалниот четврти бран на коронавирусот во земјата.