Веќе втора недела по ред смртноста меѓу ковид пациентите е рекордна на глобално ниво, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Според податоците објавени во редовните неделни извештаи на СЗО, во текот на последните недела дена во светот починаа повеќе од 93.000 ковид пациенти и потврдени се 5,7 милиони новоинфицирани, пренесува ТАСС.
Во последните извештаи на СЗО е наведено дека во периодот од 26 април до 2 мај во светот се потврдени 5.705.981 новозаразни и 93.523 смртни случаи. СЗО соопшти дека таканаречениот британски сој на коронавирусот се рашири во 142 земји низ светот, присуството на јужноафричкиот сој е потврден во 97 држави додека бразилската варијанта е детектирана во 56 земји.