Поради непочитувањето на политичкиот час во Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање на казнени налози. Станува збор за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Седум лица биле затекнати при непочитување на полицискиот час, спротивно на прописите со кои се определени мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот.
Јавните обвинители му предложија на Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.