Сотровимаб е новото моноклонално антитело кое е лабораториски создадено, а е наменето за стимулирање на имуниот систем во борбата против Ковид-19. Неговата улога е да го намали ефектот на коронавирусот да навлегува во клетките на телото.
Европската агенција за лекови, ЕМА, ја започна својата ревизија на лекот сотровимаб како можна терапија против Ковид-19.
ЕМА од денеска започна за разгледување на овој лек, неговата ефикасност за спречување тешки форми на болеста како и неговата безбедност за пациентите.
Доколку Агенцијата одлучи да го препорача сотровимабот за употреба против Ковид-19, Европската Комисија се заложи дека експресно ќе дозволи негова комерцијализација на ЕУ пазарот.