Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 27 степени, а УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 24 степени.
До сабота времето ќе биде стабилно со пораст на температурата на воздухот. Во недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во почетокот на наредната седмица се очекува да биде нестабилно на повеќе места. Минималната утринска температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени, а максиманата дневна од 24 до 32 степени.