Научниците од Универзитетот во Лондонскиот колеџ (UCL) спроведоа студија на одделенијата и персоналот на домовите за стари лица во однос на тоа во кое времетраење се создава имунитет по прележана инфекција со Ковид-19. Во студијата учествувале 682 жители на домови за стари лица со просечна возраст од 86 години и 1.429 вработени во домови за стари лица.
Резултатите од спроведената студија посочуваат дека претходна инфекција со Ковид-19 значително го намалува ризикот од нова инфекција. Инмунитетот кој се создава е во времетраење од десет месеци, а од 60 до 85% се помали шансите повторно да се заразат со Ковид-19 во однос на оние кои не биле заразени.
Студијата, објавена вчера во „The Lancet Healthy Longevity“, открива дека жителите на старечки домови, кои претходно биле заразени со ковид 19, имале скоро 85 отсто помалку шанси да се заразат повторно во периодот од октомври до февруари, отколку оние кои не биле заразени. Персоналот на оние домови кои се заразиле со инфекцијата има околу 60 отсто помали шанси да се заразат повторно.
Охрабрувачки е и тоа што претходната инфекција со ковид 19 обезбедува високо ниво на заштита за жителите во домот, со оглед на претходните грижи дека овие лица може да имаат послаб имунолошки одговор како резултат на возраста.