Вакцинирањето на децата од 12 до 16 години ќе започне во понеделник. Од Министерството за здравство во изјава за еден наш електронски медиум посочиле дека сите деца кои изразиле желба за вакцинација, термин ќе добијат во текот на утрешниот ден. Вакцинирањето ќе се одвива на вакциналните пунктови кои заинтересираните ги навеле при пријавувањето.
Според податоците од националниот систем Мој Термин, до денеска напладне вкупно 1.623 деца и млади од 12 до 18 години покажале интерес за вакцинирање. Најголем број се од Скопје и тоа во Поликлиника: Букурешт 376, Јане Сандански 267, Чаир 101, Бит Пазар 5. Најмалку, односно само по 1 има во Кратово, Македонска Каменица, а по 2 Вевчани, Демир Хисар, Македонски Брод, се вели во одговорот на министерството за здравство.