Делта вирусот забрзано се шири низ целиот свет. Европската агенција за лекови (ЕМА), соопшти дека за заштита од делта сојот на коронавирусот потребни се две дози на вакцина. Европскиот регулатор ги повика земјите-членки на ЕУ да ги забрзаат програмите за вакцинација.
– Според првичните податоци, потребни се две дози вакцина против Ковид-19 за соодветна заштита од варијантата Делта“, се вели во соопштението на ЕМА.
– Почитувањето на препорачаниот распоред за вакцинација е клучен за постигнување на највисоко ниво на заштита, додава ЕМА, која препорачува употреба на две дози на Фајзер/Бионтек, Модерна или Астра Зенека.