Животот со мултиплекс склероза е исклучително тежок, оваа болест носи ивалидитет и е непредвидлива, а пациените секојднево се соочуваат со архитектонски, социјални и финансиски проблеми, но желбата за живот ги совладува сите препреки.
„Претходно сме имале другари со кои сме оделе на планинарење или на базен, или на некакви извиднички егзибиции, сега не можеме. Мора да прифатат дека покрај десетте души, може еднаш да не земат и нас со нив. Ќе ни покажат дека сме еднакви со нив и ние ќе се почувствуваме и на нив ќе им биде убаво. Така се гради еден соживот, верувајте ми“ велат лицата кои боледуваат од оваа болест.
Министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека институциите прават напори да ги донесат најновите терапии во светот со цел да им го олеснат животот на пациентите. Инаку мултиплекс склероза е една од најчестите невролошки заболувања и причина за инвалидитет кај младите. Во државава се регистрирани околу 1.200 илјада пациенти.
„Ние имаме голема соработка со Министерството за здравство и со ФЗОМ. Нашиот буџет за оваа година беше зголемен токму за новите иновативни лекови кои се користат во светот, а почнуваат полека да доаѓаат и кај нас за лекување на понапреднати стадиуми на активна мултиплекс склероза“ – изјави Д-р Иван Барбов, директор на Клиниката за неврологија.
Пак се враќаме на истото, и директорот на клиниката и министерот го посочуваат истото, ЌЕ се случи нешто, во најава е нешто, ќе има некакви лекови, ќе се грижиме за вас, вие сте наши пациенти, сега „ќе“ направиме напредок, реформи, ќе смениме нешто, за на крај, ништо да не се смени, соништата, надежта, подобриот здравствен систем остануваат како желби кај пациентите, кај болните од одредени заболувања како што е и мултиплекс склерозата, но никој нема слух да направи нешто по ова прашање, министерот само да не слуша како некој постојано го критикува ќе каже едно ЌЕ и мисли дека така ќе поминат проблемите. Може за него тоа е така ама македонските пациенти паметат.