Согласно податоците од ИЈЗ, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.553 тестирања, а регистрирани се 464 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 225, Куманово – 42, Струмица – 35, Штип – 27, Велес – 24, Охрид – 21, Прилеп – 15, Тетово – 10, Свети Николе – 8, Кичево – 7, Ресен – 6, Кавадарци, Кочани и Кратово – по 5, Гостивар, Битола, Дебар и Виница – по 4, Радовиш и Крива Паланка – по 3, Струга и Неготино – по 2, Гевгелија, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Регистрирани се 435 оздравени пациенти од: Скопје – 183, Гостивар – 43, Куманово – 27, Струмица – 22, Битола – 20, Кичево – 19, Штип – 15, Свети Николе – 13, Кавадарци – 11, Прилеп – 10, Велес и Кочани – по 8, Ресен и Богданци – по 7, Делчево – 6, Неготино – 5, Радовиш и Кратово – по 4, Гевгелија, Крива Паланка, Виница, Валандово и Македонска Каменица – по 3, Берово, Крушево и Македонски Брод – по 2, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се 23 починати лица: 11 починати лица од Скопје (47г, 55г, 61г, 78г, 78г, 79г, 79г, 81г, 81г, 81г и 83г), по 3 починати лица од Охрид (40г, 68г и 75г) и Струга (45г, 67г и 77г), 2 починати лица од Велес (60г и 73г) и по едно починато лице од Тетово (62г), Куманово (54г), Кичево (72г) и Македонски Брод (73г).
Од пријавените 21 лице е починато во болнички услови и 2 се починати во домашни услови.
Направени се 4.553 тестови преку: ИЈЗ-215, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-51, ЦЈЗ Тетово–41, ЦЈЗ Куманово-43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–280, Жан Митрев (Филип Втори)-93, Авицена-215, Биотек-246, Систина-64, лабораторија Лаор-314, Синлаб-7, Ремедика-0, Плодност–94, Генеа-15, Никоб лаб-622, ВФВ Медикал-60, Ели Медика-79, Ројал Медика –42, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.962.
Досега во земјата се направени вкупно 1.223.054 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.523, бројката на оздравени пациенти е 163.852, на починати е 6.259, а бројот на активни случаи изнесува 13.412.