Нема доволно ПЦР тестови за тестирање на државно, алармира матичниот доктор Ненад Лазаров преку својот профил на Фејсбук.
– Немањето ни приближно доволно PCR тестови на државно е директен атак врз здравјето на народот и флагрантно кршење на човековите права! Ниту може рано да дијагностицираме ниту пак да изолираме, со тоа свесно и намерно се пушта цел народ низ вода, да го цитирам Ф: ‘да изгори епидемијата’. Што да правам со симптоматски пациенти во тие неколку дена па и недела додека чекаат термин за тест? Молкот на фелата е недозволив, напиша Лазаров.
– Вчера 6-ти октомври, праќам ковид пациенти со ковид упат за крвни анализи во поликлиника Јане Сандански. Им закажале боцкање на 22 октомври!, вели Лазаров.