Институтот за радиологија доби нов дигитален рентген РТГ апарат за динамички флуороскопски и радиографски снимања на деца.

– Инсталирана и завршена е техничката обука за користење на апаратот. Набавен е од Министерство за здравство во вкупна вредност од 23 милиони денари. РТГ апаратот е неопходен за најмладите пациенти и посебно важен за дијагностиката, нагласи министерот, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.

Тој рече дека ваков сличен апарат имаше и претходно, на кој, во просек, се работеле околу 3.000 прегледи за најмладата популација, до 14 години.

– Установата, исто така, доби и мамомат со томографија и стереотаксична биопсија, како и ехо апарат со еластографија, кои се важни за рана дијагностика на рак на дојка. Ова покажува дека водиме грижа и за превенција од ваков тип малигно заболување, истакна министерот.

Тој додаде дека со инвестиции во опрема се продолжува и во наредниот период, грижејќи се за континуирано модернизирање и обвновување.