Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец.

Во сабота времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец.

Во недела времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во понеделник за време на неработниот ден во земјава времето ќе биде променливо облачно и студено со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

УХМР денеска издаде и актуелно предупредување: Под влијание на влажна воздушна маса во следните денови ќе се задржи облачно и студено време со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, со пороен карактер и засилен ветер, особено денес во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд.