Резултатите од најновата студија објавена во понеделникот од страна на британската компанија Астра Зенека, вели дека експерименталниот лек на компанијата Астра Зенека, коктел од антитела против коронавирусот, успешно спречува тешки форми на инфекција и смрт кај хоспитализирани пациенти,
Лекот наречен AZD7442 го намалува ризикот од развој на тешки форми на инфекција и смрт кај 50% од пациентите со симптоми на Ковид-19 за седум дена или помалку, соопштуваат британските медиуми.
– Раната интервенција на антитела може значително да ја намали прогресијата на тешка болест, со континуирана заштита повеќе од шест месеци, потврди Мене Пангалос, извршен потпретседател за биофармацевтски производи, истражување и развој во АстраЗенека. Тој додаде дека компанијата ќе ги достави сите податоци до надлежните институции.
Астра Зенека, исто така, развива коктел од лекови за третман на пациенти кои немаат доволно силен имунолошки одговор и се вакцинирани против коронавирус. Минатата недела, компанијата поднесе барање за итна употреба до Американската администрација за храна и лекови.