Истражувачите потврдуваат дека третата доза на Фајзер го намалува ризикот за инфекција со Ковид-19 за 80%

Третата доза од вакцината против коронавирус на Фајзер го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти или повеќе преку заштитата што ја обезбедуваат првите две дози, велат истражувачите од…

Третата доза од вакцината против коронавирус на Фајзер го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти или повеќе преку заштитата што ја обезбедуваат првите две дози, велат истражувачите од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Јеил во американската сојузна држава Конектикат.

– Проценивме дека ризикот од инфекција е намален за дополнителни 83 до 87 проценти најмалку две недели по примањето на засилената доза – потврдија истражувачите предводени од Даниел Вајнбергер од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Јеил, според списанието ЈАМА Интернал Медицин.

Си-Ен-Ен објави дека тимот на Јеил следел повеќе од 300.000 луѓе на возраст од 40 и повеќе години кои примиле две или три дози од вакцината Фајзер/Бионтек преку здравствената служба Макаби во Израел.

Истражувачите откриле дека 6,6 отсто од луѓето кои примиле две дози од вакцината и 1,8 отсто од оние кои примиле три дози биле позитивни од август до почетокот на октомври, што претставува намалување на ризикот за 86 отсто.


Related Articles