Првиот човек на американската фармацевтска компанија Модерна, Стефан Бансел изјави дека најрано до есента 2023 година во некои земји би можело да се понуди комбинирана вакцина против ковид-19 и сезонски грип.
Говорејќи на видео-конференција на Светскиот економски форум (СЕФ), Бансел се огради велејќи дека најавениот рок е оптимистичка прогноза, но и изрази уверување дека следната година во некои земји може да се појави нова вакцина, објави Ројтерс.
Директорот на Модерна објасни дека целта на компанијата е да произведе една вакцина за да се избегнат „проблеми“, а на луѓето ќе им обиде овозможено да примаат само комбинирана доза секоја зима.