До ГАК досега не е стигнато барање од судот по кое гинеколозите би утврдувале во кој месец од бременоста е Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи и колку е ризична бременоста, потврди Викторија Јовановска, директорка на ГАК.
Јовановска вели дека и да треба да се направи вештачење на ГАК, тоа ќе го прави конзилиум од лекари, а не лично таа. Со тоа одговори на обвинувањата од поранешната министерка која негодува што би била испратена на државна гинекологија, каде што директорка е „блиска пријателка на семејството на Зоран Заев“.
Далеку од тоа дека и да дојде до потреба од преглед дека можеби нема лично директорката на ГАК да го прави тоа меѓутоа посекако тоа ќе го направи тим од доктори кои самата директорка на ГАК го има составено или ќе го состави, со тоа сомнежите на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска се основани бидејќи на тој начин во самиот судски процес таа ќе биде упатена во „дувлото“ на Заеви и нивните пријатели за да добие оценка и проценка дали нешто може или не. Што мислите и претпоставувате какви ќе бидат резултатите, јавноста уште сега може да посочи каков ќе биде исходот.
Затоа и рекациите на Гордана Јанкуловска се основани, контра аргументите кои ги посочува директорката на ГАК „не држат вода“ бидејќи сите сме сведоци на начинот на кој со реваншизам, освета и немање соодветно знаење и познавање оваа власт ги води работите во државата со една единствена цел, личен профит!
Јанкуловска се пожали дека судијката Кацарска, во време кога таа била во болница поради ризична бременост, одобрила вештачење со кое ќе се докаже тоа. Тоа е на барање на СЈО, а Јанкулоска реагира зошто е упатена на Клиниката за гинекологија.
„Извесно е дека судијата очигледно го антиципира исходот од ваквото вештачење, со оглед на информацијата што беше објавена во јавноста дека истото ќе биде доверено на ГАК со која раководи д-р Викторија Јовановска (за која медиумите пишуваа дека е во блиски пријателски врски со семејството на Зоран Заев), па во период од само еден месец (од 13 јуни до 14 јули) закажани се 8 термини за рочишта за овој предмет. Ваквото постапување на судијата и на СЈО го покажува вистинското лице на бескрупулозен извршител на политички нарачки“, напиша Јанкулоска.
Таа е во деветтиот месец од бременоста. Матичниот гинеколог ѝ е во амбулантата во МВР, а медицинската документација е потврдена и од лекари од една приватна болница во Скопје.