На следната владина седница ќе се одлучува за укинување на маските во затворено

Комисијата за заразни болести ги достави следниве заклучоци до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) кои истиот ги усвои: – Укинување на обврската за носење маски за време на физичката настава…

Комисијата за заразни болести ги достави следниве заклучоци до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) кои истиот ги усвои:

– Укинување на обврската за носење маски за време на физичката настава во средните училишта,

– укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа,

– укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица.

Како што информира владината прес-служба, на петта седница на Главниот координативен кризен штаб беа усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести.

Заклучоците ќе бидат доставени до Владата, која за нив ќе одлучува на следната владина седница.


Related Articles