Крвните згрутчувања можат да бидат исклучително опасни по живот, а тие од крвта патуваат и се шират низ целото тело, па можат да го нападнат срцето, мозокот и другите органи и да доведат до фатален исход.
Кога крвните грутки ќе ги затнат артериите, мозокот, срцето и белите дробови престануваат да добиваат кислород и како последица на тоа настанува срцев или пак мозочен удар. Иако во поголем дел од случаите може да се спречи, тромбот предизвикува сериозен проблем во јавното здравје кој убива стотици возрасни секоја година. Ова се симптомите на кои треба да обрнете внимание и да посетите доктор:
Отекување: се случува на истото место каде грутката се развила или пак на цела нога или рака.
Промена на бојата: може да забележите ако рацете или нозете ви се црвени или сини.
Болка: Како што состојбата се влошува, така ќе почувствувате поголема болка – од тапа до интензивна.
Тешко дишете: доколку ова се случи, тогаш тоа може да значи дека грутката се преместила од рацете или нозете до белите дробови. Може да се појави кашлица или пак крв при кашлање.
Грчеви во долниот дел од нозете: ова чувство се појавува доколку грутката се наоѓа во ногата.
Кога крвната грутка ќе се најде во близина на срцето, тогаш се појавуваат следните симптоми:
– Јака болка во рацете и прстите;
– Потење;
– Тешкотии при дишење;
– Кашлица;
– Вртоглавица.
За жал крвните грутки можат да стигнат и до мозокот и да предизвикаат мозочен удар. Внимавајте на овие симптоми: тешкотии со видот и говорот и општа слабост.