Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ) соопшти дека се соочуваат со нов бран на многу заразни подваријанти на коронавирусот. Зголемен е процентот на позитивни меѓу тестираните и тоа дури 30 проценти, а бројот на нови случаи на заразени дневно е повеќе од илјада.
Во Хрватска циркулираат субваријанти на Омикрон БА.2 и БА.4 и БА.5, на кои најизложени се граѓаните на возраст од 30 до 69 години, додека децата се помалку заразени бидејќи нема настава.
Изминатата недела е зголемен и бројот на хоспитализирани и починати, но тоа не го зголеми интересот за вакцинација, па дневно се вакцинираат само од 300 до 400 лица, а со првата доза помалку од 50 во целата држава.