Научниците открија дека флаванолите – антиоксиданси кои се наоѓаат во какаото – можат да го намалат вашиот крвен притисок и да помогнат во зајакнувањето на вашето срце. Утврдено е дека тие го прават тоа така што ги одржуваат ѕидовите на крвните садови еластични, што овозможува крвта полесно да тече низ телото.
Студијата на Универзитетот во Сари, всушност, покажа дека луѓето кои земале додатоци на какао имале понизок крвен притисок и повеќе проширени крвни садови во рок од три часа. Апчињата имале флаваноли колку, да речеме, околу половина килограм темно чоколадо, кое обично се продава во пакување од 100 грама.
Во најновата студија, 11 здрави возрасни лица конзумирале капсула какао или плацебо на наизменични денови речиси две недели додека го извршувале својот секојдневен живот. Учесниците носеа монитор за крвен притисок на раката и клип за прст што мери колку им се вкочанети артериите.
На крајот од студијата, било откриено дека нивниот крвен притисок бил понизок, а нивните артерии порелаксирани во деновите кога земале флаваноли – дури и до осум часа подоцна. Што е најважно, суплементите не го намалуваа крвниот притисок во деновите кога веќе беше низок.
Она што го откривме укажува дека флаванолите на какаото го намалуваат крвниот притисок само ако е покачен – изјави професорот Хеис и најави дека сега планира да ги тестира апчињата меѓу пациентите кај кои е дијагностициран висок крвен притисок.