Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 672 тестови, а регистрирани се 109 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 57, Кавадарци – 10, Прилеп – 7, Куманово и Штип – по 4, Гевгелија и Охрид – по 3, Берово, Битола, Крива Паланка, Ресен, Струга, Струмица и Тетово – по 2, Валандово, Велес, Делчево, Кочани, Кратово, Неготино и Свети Николе – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (109), регистрирани се 27 реинфекции.
Регистрирани сe 130 оздравени пациенти од: Скопје – 74, Битола – 14, Берово – 12, Кавадарци – 8, Тетово – 6, Кочани – 4, Свети Николе – 3, Штип, Гевгелија и Кратово – по 2, Велес, Гостивар и Неготино – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Струга (76г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.156.655 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.370, бројот на оздравени пациенти е 330.602, на починати е 9.503, а бројот на активни случаи изнесува 1.265