„Среќа е да споделиш среќа“, вака напиша Марта Стојковска која ја сподели најубавата вест која што ќе ја слушнете/прочитате денес, пренесоа македонските електронски портали.
Кико силно заѕвони на ѕвончето на Онкологија и со силните звуци навести дека си оди дома. Под постот на Марта, кој таа го сподели на Фејсбук страницата на невладината организација САНО, веднаш пристигнаа коментари со поддршка, а целата објава ви ја пренесуваме во целост:
„Среќа е, да споделиш Среќа! И на крај навистина ги надминавте најтешките и најболните моменти. По тој трнлив тежок и долг пат кои го поминавте вие, само храбрите, силните и Хероите го поминуваат и победуват! Вие сте гордост, вие сте ХЕРОИ! ?А Кико силен Борец и најголем Суперхерој!! Да ми сте здрави, живи да ми живеете секогаш среќни и во добро здравје ХЕРОИ наши“.