Лековите против болки се многу лесно достапни за луѓето и често пати без многу размислување се купуваат од аптеките, не земајќи го в предвид нивниот ефект врз организмот.
Како делуваат најчестите аналгетици кои се достапни за секого и колку долго може да се земаат континуирано? Кога зборуваме за лекови против болки, особено е важно да се истакнат оние кои се достапни за продажба, а кои секој може да ги купи во аптеките. Поради достапноста, обично се случува навикнување на нив и презаситување на организмот поради што не ретко истите повеќе немаат никаков ефект.
Иако дозата се одредува така што се прави пресмтка според телесната тежина на лицето на кое му е наменет лекот и во повеќето случаи, за жал, „не делува“. Покрај тоа, не можеме да ја игнорираме улогата на болката, која е субјективен симптом. Болката е индивидуално чувство за секого и така мора да се третира секој пациент – индивидуално.
Овие лекови не се паметни и не знаат што точно ве боли, но делуваат на центарот за болка преку различни механизми и на тој начин го спречуваат непријатното чувство. На ист начин, повеќето од овие лекови не само што имаат аналгетски ефект, туку делуваат и против треска и воспаленија. Како и со се што се зема подолго време, може да дојде до навикнување, па и зависност. По некое време таблетите имаат послаб ефект на болката, па ни требаат поголеми дози. Во некои други случаи, дозата што ја земаме е недоволна за рецепторите, па по извесно време потребно е се повеќе да се зголемува дозата.
Без разлика колку некои таблети се сметаат за „безопасни“, пред да се земе првата доза задолжително е да се прочитаат упатствата за лекот, каде во повеќето случаи е наведено препорачаното времетраење на употреба. Во случаи кога оваа информација не е наведена во инструкции, лекот се зема додека симптомите не се подобрат.
На пример, главоболката или менструалните болки не смеете да ги лечите подолго од 10-15 дена. Доколку симптомите не исчезнат, потребно е да се јавите на лекар бидејќи болката може да е поврзана со некои други болести. Заклучокот е дека секогаш треба да се консултирате со вашиот матичен лекар или фармацевт за користењето на лекот.