Сезоната на јагоди е во полн ек. Ова вкусно и омилено овошје на многумина има бројни лековити својства кои се познати уште од антички времиња. Освен плодот, за лекување може да се користи и коренот, како и листовите. Интересно е да се спомене и тоа дека јагодите се единственото овошје чии семки не се скриени во внатрешноста на плодот, туку се наоѓаат однадвор.
Според „WebMD“, има многу придобивки од редовното консумирање на јагоди. Имено, витамините, минералите и антиоксидансите во јагодите можат да обезбедат важни здравствени придобивки. На пример, јагодите се богати со витамин Ц, влакна и полифеноли, антиоксидантни соединенија кои можат да помогнат да се спречи развојот на одредени болести.
Покрај тоа, јагодите може да обезбедат и други здравствени придобивки како што се:
– зачувување на здравјето на срцето и циркулаторниот систем
– зајакнување на имунитетот
– намалување на ризикот од рак и деменција
– намалување на нивото на холестерол во крвта
– спречување на воспаление во телото
– одржување на здравјето на цревата