Со доаѓањето на потоплите денови, пожарникарите ја искористија можноста да ги предупредат родителите да не ги оставаат цревата за вода во градините, бидејќи тоа може да биде опасно со оглед на тоа дека поради високите температури водата може премногу да се загрее.
Пожарникарите од Лас Вегас на Твитер објавиле фотографија од 9. месечно бебе кое се здобило со изгореници од втор степен на 30 % од телото. Бебето од Сан Тана во Аризона се здобило со изгореници пред две години кога мајката полнејќи го базенот случајно го испрскала со вода.
На фотографијата можат да се забележат изгорениците кои малото бебе ги добило дури и на лицето од врелата вода. Кога водата во цревото ќе се загрее на 60. степени Целзиусови може да предизвика изгореници од трет степен само после пет секунди откако ќе дојде до контакт со кожата.
Тим Жимански од односи со јавноста на Пожарната служба на Лос Анџелес ја објавува оваа фотографија секоја година со цел да ги предупреди останатите родители на опасноста која може да се случи со градинарските црева додека се оставени на сонце.
„Кога цревото е оставено на трева на сонце, водата која останува во него се загрева”, вели Тим. „Кога луѓето ќе ја пуштат водата, мислат дека таа ќе биде ладна, но таа е всушност екстремно топла”.
Тим се надева дека ова предупредување ќе превенитра против добивање на такви сериозни повреди и советува водата да истекува неколку минути додека да се олади.
„Една жена ми рече дека на истиот начин го убила своето домашно милениче. Имала голем гуштер и го испрскала со цревото. Водата била толку жешка што тоа го убило”.
Многу родители му се заблагодаруваат на пожарникарот на ова предупредување, бидејќи не биле свесни на опасноста се’ додека не ја погледнале фотографијата.