Антибактерискиот агенс триклосан, кој го има во сапуни, пасти за заби и детергенти, може да доведе рак на дебелото црево, покажуваат податоците на научниците од Масачусетс Универзитетот во Амхерст.
Научниците спроведоа експеримент со лабораториски глувци, кој ги потврдил нивните набљудувања. Сите животни кои земале триклозан, развиле рак на дебелото црево.
Супстанцата ја менува цревната микрофлора, ги засилува симптомите на колитис и го стимулира развојот на малигните клетки, истакнуваат научниците. Тој го намалува бројот на бифидобактериите и го намалува нивното дејство.
Триклосан е синтетички антибактериски и антифунгален агенс. Се користи активно во детергенти, паста за заби, дезодоранси и сапуни. Триклосан исто така се користи во стоматологијата за обработка на заби пред пломбирање.