Претседателот на планинарската федерација Јовица Угриновски на распит во Јавното обвинителство.
Семејствата на загинатите планинари упатија писмо до медиумите реагирајќи дека и по два месеци од смртта на Калина и Александар институциите молчат. Обвинуваат дека планинарската федерација и понатаму издава лиценци за водичи, а Трансверзалец повторно си организира планинарски тури, без никој да утврди дали тоа им е дозволено.
Семејствата се разочарани од како што велат бавната правда и очекувале Трансверзалците, барем за Велигден, да се сетат да организираат меморијално искачување во спомен на загинатите.