Сигурно веќе ви е смачено да читате за квалитетниот сон, но спиењето е многу важно за здравјето иако можеби вам не ви изгледа така. Обично, за доволно се сметаат стандардните 7-8 часа спиење, но сепак тоа не е секогаш случај.
За да имате квалитетен сон, важна е и возраста, која одредува колку часа спиење ви се доволни.
И додека многумина чекаат да дојде викенд за да се наспијат, а во текот на работната недела се измачуваат и остануваат будни до доцна, не се ни свесни колку тоа може да им наштети.
- Недостаток на сон
Недоволниот сон го ослабува имунитетот и може да доведе до сериозни последици, како и да го зголеми ризикот на развивање на следниве проблеми и заболувања:
- Исцрпеност
- Депресија
- Промени во работата на хормоните
- Кардиоваскуларни заболувања
- Проблеми со видот
- Дијабетес
Покрај сите овие работи, лошиот сон влијае и на телото и изгледот, може да дојде до накачување тежина, подочници и менување на бојата на кожата.
- Возраст и сон
Научниците откриле поврзаност помеѓу возраста и потребниот број на часови за добар сон:
- 0-3 месеци: 14-17 часа
- 4-11 месеци: 12-15 часа
- 1-2 години: 11-14 часа
- 3-5 години: 10-13 часа
- 6-13 години: 9-11 часа
- 14-17 години: 8-10 часа
- 18-25 години: 7-9 часа
- 26-64 години: 7-9 часа
- 65+ години: 7-8 часа
Колку е повозрасен човекот толку помалку часови за спиење му се потребни, во зависност од децата.
На бебињата им е потребно најмногу сон, на децата до 18 години им се потребни до 10 часа сон, а подоцна периодот за квалитетен сон доаѓа до стандардните и познати 7-9 часа.
- Подобрување на сонот
Следниве совети ќе ви помогнат подобро да се наспиете и да се чувствувате посвежо секојдневно:
- Запомнете дека треба да сте будни преку ден, а навечер да спиете – ако ја нарушите оваа шема, ќе настанат проблеми
- Заспивајте и будете се секој ден во исто време
- Не пијте алкохолни пијалаци пред спиење
- Не се прејадувајте навечер
- Создадете си удобна и пријатна атмосфера во спалната
- Одберете удобен кревет и душек и квалитетни перници и постелнини
- Не користете електронски уреди пред спиење
- Кратка прошетка на свеж воздух ќе ви помогне да заспиете побрзо