Со консумирање на храна која содржи бактерии опасни по здравјето, после одреден временски период, односно период на инкубација, се појавуваат симптоми на труење. Во зависност од видот и количината на бактеријата, периодот на инкубација може да трае од неколку часови до неколку дена.
Бактериите внесени со храната во системот на органите за варење се создаваат во цревата, каде со нагло зголемување на бројот или со зголемувањето на своите токсини, тие ги уништуваат клетките.
Понекогаш токсините се апсорбираат, па преку крвта стигнуваат во другите органи попречувајќи им ја нивната функција.
Од друга страна, некои бактерии произведуваат многу опасни токсини уште во самата храна.
Со нивно внесување во организмот симптомите се појавуваат значително побргу, бидејќи батериите не мораат нужно да се размножуваат во цревата за болеста да се развие.
Во тој случај можеме да зборуваме за труење од храна.
Во летните месеци еден од советите на експертите е да внимаваме со потрошувачката на одредени видови храна. За жал за труењето со храна сезона нема. Некои од симптомите кои укажуваат дека консумираната храна била непогодна се: гадење, повраќање, главоболка, вртоглавица, стомачни грчеви и дијареа. Труењето со храна не треба да се игнорира.
Кога страдате од него, телото губи повеќе вода од нормалното. Затоа е важно да пиете доволно вода, чај и да се избегнува консумацијата на тврда храна.
Како да си помогнете во првите часови на труење со храна? Споделуваме неколку природни лекови, кои можат да ви помогнат. Ако состојбата не се подобри, побарајте лекарска помош.
- Ѓумбир
Ѓумбирот е одличен домашен лек, кој може да ги ублажи речиси сите видови на проблеми со варењето, вклучувајќи ги и оние предизвикани од труење со храна. За да ги запрете стомачните болки, гадење, киселините и други симптоми поврзани со труење со храна, пијте по оброкот по една чаша чај од зачинот.
За да си направите чај од ѓумбир, сварете една лажичка рендан свеж корен во 200 мл вода. Пијте го чајот засладен со мед или шеќер.
- Лимон
Воспалителните, антивирусни и антибактериски својства на лимоните можат да ги олеснат брзо болките предизвикани од труење со храна. Киселината во лимоните помага за елиминирање на бактериите кои предизвикуваат труење со храна.
Пијте 2-3 пати на ден свеж сок од лимон со нотка шеќер. Него може да го конзумирате и додаден само кон една чаша топла вода.
- Босилек
Босилокот е одлична билка за смирување на стомачните непријатности предизвикани од труење со храна. Тој исто така има антимикробни својства, кои помагаат во борбата против микроорганизмите.
Како да си помогнете користејќи билки?
Направете си свеж сок од босилек и додадете на него една лажица мед. Пијте од овој пијалок 2-3 пати на ден. Босилек може да додадете и кон чаша јогурт заедно со мала количина морска сол. Ова лесно и брзо ќе ви помогне да се елиминираат симптомите на труење со храна.
- Банани
Бананите се еден од најдобрите лекови кога страдате од труење со храна. Тие се лесно сварливи, но и многу богати со калиум.
Многу е важно да јадете по 1-2 банани за време на боледувањето, бидејќи при повраќање и дијареа вашето тело губи голем дел од калиумот. Потрошувачката на банани ќе ви помогне да го набавите, но исто така ќе ви обезбеди повеќе енергија.
- Мед
Медот има и антифунгални и антибактериски својства кои можат да бидат ефикасни во третманот на варење и други симптоми на труење со храна. Медот може да го земате во чиста форма или како додаток на чајот.
Ако го земате самостојно поткаснувајте од него по една лажичка три пати на ден. Со намалувањето на вишокот стомачни киселини, ќе се намалат и непријатностите.