Ајдучката трева е зелјеста билка, која може да порасне до 50 цм висина. Нејзините лековити делови се цветот, тревата и листот. Се смета за лековита бидејќи содржи витамин К, етерично масло, горчлива материја ахилен и многу други состојки. Етеричното масло кое се добива со дестилација на ајдучката трева, се користи во медицината, фармацијата, парфимеријата и козметиката.
Оваа билка е горчлив ароматик, тоник, стомахик, стимуланс, антиспазматик, еменагог и фебрифуг. Не е отровна, не создава никакви навики и може да се употребува секојдневно, бидејќи придонесува за зајакнување на органите за варење. Исто така, добро делува против хемороиди.
Доколку сакате да го подобрите апетитот, тогаш ајдучката трева може да ви помогне. Во 9 дцл препечена ракија се ставаат 100 гр цветови и листови од ајдучка трева. Потребно е да отстои осум дена, но секој ден да се промешува. Потоа, се пие три пати во денот пред јадење по една лажица.
За камен во жолчната кеса, потребно е да се измешаат еднакви количини листови и цветови од ајдучка трева, змиско млеко, пемил, смил, анасон, нане и плодови од сена. Од смесата една голема лажица се попарува со 200 гр врела вода, се поклопува и се остава да стои 2-3 часа, а потоа се пие по јадење. Доволно е да се пие три пати дневно по една шолја чај.
Исто така, оваа лековита билка може да биде спас за бронхијална астма. Се мешаат 20 гр листови ајдучка трева, подбел, млечка и цветови ос црн слез. Од оваа смеса може да се подготвува чај секое утро, кој се пие во текот на целиот ден наместо вода. Од оваа смеса три лажици се попатуваат со половина литар врела вода, се поклопува и се остава да отстои 2 часа. Може да се пие засладено со мед.