Нема кој да лекува, нема кој да оперира, лекари од јавно одат во приватно здравство, други затвораат ординации. ова е реалноста во македонското здравство, но споре дфелата никој не презема конкретни чекори за решавање на проблемот и за спречување на егзодусот на младите доктори. Според информациите од терен, велешката болница едвја ги опслужува пациентите и се заканува затворање на хируршкото одделение бидејќи нема кој да врши интервенции кај пациентите. На мака се и лекарите бидејќи не знаат каде да ги упатуваа болните. Во Охрид наскоро ќе има ситуација кога ќе нема кој да прегледа пациент и да пропише терапија бидејќи до крајот на годината голем број на матични лекари ќе заминат во пензија.
А дека ситуацијата е алармантна сведочи и фб статусот на Лилија Чолакова дервишова, која е претседател на Здружението на приватни лекари и која со години наназад бара и има средби со министри за здравство, но оние кои раководат со здравствениот систем немаат абер од носење на конкретни мерки и решавање на хаосот во здравствениот систем.
-Закон за доктори не е донесен,а закон за пациенти со години постои-секојдневно ми се јавуваат колеги кои некој сака да ги тужи за измислени нешта….Стресот кој ќе им го плати…..
Пациенти на ПЗУ ,лиценца за работа на ПЗУ…..нешта кои не коштаат ни денар од буџетот …..никој не ги помрдна и покрај сета наша упорност ,пет средби со еден Министер ,пет средби со друг Министер ,претставници од ФЗОМ и никој не сака да смени нешто за да им олесни на докторите полесно да функционираат.Толку ли е тешко автоматски да се префрлат пациентите исто како што автоматски се бришат?
Седум матични доктори ќе се пензионираат во Охрид?Млади доктори нема…..за да ги заменат…..
Дали некој мисли навистина за здравјето на граѓаните ???
Или се е само демагогија?Со години ?
8 години алармирам како ЗПЛРМ
Поздрав до сите што читаат
Запрашајте се зошто не си одат нотари и адвокати од државава????, напиша доктор Чолакова Дервишова.