Лутиот вкус на пиперчињата потекнува од посебна состојка што се вика капсаицин. Колку повеќе капсаицин содржи, толку полута е пиперката. Во поголеми количини, капсаицинот ги пече усните, јазикот, грлото и предизвикува солзење. Големи љубители на пиперките и лутите јадења се Индијците, Виетнамците, Мексиканците и Унгарците.
Поголемиот дел од луѓето сакаат умерен лут вкус што ја подобрува храната и го стимулира варењето. Освен тоа, лутите пиперчиња имаат и други здравствени придобивки…
- Зошто лутите пиперчиња се здрави?
Капсаицинот не им дава само лутина на пиперчињата, туку и посебни лековити својства поради кои можеме да ги сместите во најздравите намирници во светот.
- Делуваат антивоспалително
Благодарение на капсаицинот, чилито има антивоспалителни својства. Капсаицинот ја блокира супстанцијата Р која е поврзана со воспалителните процеси во организмот. Редовната консумација на чили може да послужи како одлична превенција на артритис.
- Ја спречуваат болката
Најновите истражувања потврдуваат дека чилито ја намалува болката предизвикана од артритисот, псоријазата и дијабетичната невропатија.
- Го поттикнува здравјето на кардиоваскуларниот систем
Докажано е дека лутите пиперчиња го намалуваат нивото на холестерол и триглицериди, па затоа го спречуваат создавањето на крвни грутки. Културите што постојано користат чили во исхраната многу поретко страдаат од срцеви болести, мозочен удар и тромбоза.