Во понеделник закажано на клиниката за пулмологија на двајца пациенти треба да им биде остранет тумор во бронхијалното стебло со помош на крио сонда по пат на замрзнување и внесување бронхоскоп, без да се прави хирушки отвор со операција. Со ова се избегнува класична операција за отстранување тумор на дишните патишта.
– Методата ќе ја спроведуваат лекари од Клиниката кои се едуцирани во Детроит, Хамбург, а дел беа и во Словенија. Имаме и апарат кој е аргон плазма ако има крварење, обезбедени сме и со балони со кои може да се запре крварењето – рече д-р Докиќ.
Од Клиниката очекуваат годишно да имаат од 50 до 100 пациенти. Во регионот нема ваков напреден систем кој е пракса во цела Европа, а пациентите за да добијат ваков третман се принудени да одат во Белград, Софија или Атина, каде оваа интервенција се плаќа. Од Клиниката ќе бараат Фондот за здравствено осигурување да ги покрие трошоците за осигурениците, а се очекува да доаѓаат и приватни пациенти од Јужна Србија, Косово и Албанија.