Вашите златни години не се период кога не треба да правите ништо и да чекате да помине времето. Формулата за среќа е едноставна – останете во контакт со семејството и пријателите, грижете се за вашето здравје, забавувајте се и смејте се. Овие активности ќе ви помогнат да го постигнете тоа без разлика на вашата возраст.
- Редовно посетувајте музеи за да продолжите со учење
Секој град си има своја уметност, историја и култура. Еднаш месечно посетувајте некој град и неговите музеи. Нема потреба да чекате посебни изложби. На овој начин ќе научите многу, а секое парче уметност ќе го цените уште повеќе.
- Одете на часови по уметност за да го изострите умот
Творењето е еден од најдобрите начини да го одржите мозокот активен. Кога цртате, сликате, фотографирате или пишувате поезија вие го предизвикувате и стимулирате вашиот мозок. Истражувањата покажале дека уметноста им помага на постарите луѓе во борбата против анксиозноста и депресијата.
- Одете на настани за сегашните случувања за да се чувствувате исполнето
Политиката не е за секого но добро е да бидете во тек и да имате можност да научите за светските предизвици и можности. Поставувајте прашања и вклучувајте се во дискусиите.
- Играјте мажонг за да го тренирате мозокот
Играта мажонг потекнува од Кина и денес е навистина популарна ширум целиот свет. Се игра со четворица играчи што значи дека е социјална, стратегиска и забавна. Покрај тоа учењето на правилата ќе го активира вашиот мозок.
- Играјте карти за да го предизвикате мозокот
Без разлика дали преферирате покер, бриџ или нешто друго, постои игра со карти за секого. Картите се одличен начин да се дружите и да го предизвикате вашиот ум.
- Посетете ја библиотеката и читајте повеќе книги
Без разлика кој ви е омилениот жанр, читањето е забавно и прави чуда за вашиот мозок. Ја подобрува меморијата, го забрзува донесувањето одлуки, ја одолжува Алцхајмеровата болест и го намалува стресот.
- Пешачете за да останете здрави
Ако сакате да останете подвижни, независни и здрави во староста, почнете да пешачите. Пешачењето ја намалува болката во зглобовите, го зајакнува имунитетот и го намалува ефектот на гените коишто предизвикуваат дебелеење.
- Вежбајте за силно и флексибилно тело
Вежбањето не мора да биде обврска. Одберете вежби кои се добри за сила, рамнотежа и флексибилност.
- Спортувајте за да останете во форма
Ако вежбањето не е за вас, постојат други начини на кои можете да останете во форма. Многу постари личности продолжуваат со напорна физичка активност дури и во нивните 70-ти. Можете да пробате возење велосипед, скијање или тенис.
- Танцувајте за да се дружите и да останете флексибилни
Танцувањето е забавна и социјална активност. Неодамнешните истражувања покажале дека танцувањето е најдобрата активност за зголемување на силата, подобрување на рамнотежата и спречување на стареењето на мозокот.
- Одете на чај и запознајте нови пријатели
Можеби веќе не организирате забави во вашиот дом, но зошто да не ги поканите пријателите на чај, десерт и добар разговор? Одржувањето на пријателствата и социјалната мрежа е едно од најважните нешта за вашата среќа.
- Играјте друштвени игри и предизвикајте го мозокот
Ништо нема да ве размрда како натпревар. Друштвените игри се одличен начин да го предизвикате вашиот ум додека истовремено се забавувате и се дружите.
- Направете ваша градина и уживајте во процесот
Градинарството може да го направите предизвикувачко или едноставно. Можете да направите цела бавча, или да засадите само неколку цветови. Грижата за растенијата ќе ви предизвика голема среќа и ќе се чувствувате навистина горди на себе.
- Волонтирајте за да придонесете за вашата заедница
Само затоа што веќе не работите не значи дека не треба да придонесувате за вашата заедница. Волонтирањето ќе ви помогне да создадете нови врски, да се чувствувате поврзано и ќе чувствувате радост кога ќе се вратите дома.
- Забавувајте се со вашите внуци
Ништо не може да ве усреќи повеќе од младите. Грижата за вашите внуци ќе биде полна со љубов, а не заборавајте колку ќе им помогнете и на вашите деца. Можете да ги земате внуците на спиење секој викенд, или пак да ги носите на ручек еднаш неделно.
- Играјте игри со зборови и броеви за да се забавувате
Крстозбори, судоку и сличните игри се одлични за предизвик. Некои истражувања покажале дека овие игри го изоструваат вашиот фокус, ја подобруваат меморијата и ви помагаат да се релаксирате.
- Продолжете да го работите она што го сакате
Многу луѓе сметаат дека кога ќе постигнете одредена возраст треба да се пензионирате. Но постојат многу луѓе кои упорно работат во нивните 70-ти, 80-ти, па дури и 90-ти години од животот. Тие го сакаат она што го работат и тоа ги одржува во живот.
- Грижете се за милениче
Докажано е дека миленичињата им помагаат на постарите да се чувствуваат подобро и го подобруваат нивното физичко здравје. Миленичињата се одлична придружба, а покрај тоа ќе ве натераат да останете активни и да се социјализирате со други луѓе кои чуваат животни.
- Вклучете се во социјален активизам и останете страсни
Обично им дозволуваат на помладите да го променат светот, но и постарите имаат време да се вклучат. Покрај тоа мудроста и перспективата коишто сте ги добиле со годините можат да бидат совршен партнер за ентузијазмот и енергијата што доаѓаат со младоста. Вклучете се социјално и политички. Пишувајте му на локалниот весник, коментирајте, одете на состаноци. И вие можете да направите разлика.