Брзиот и динамичен начин на живот одат паралелно со причините за стрес и стресното живеење. Стресот е неизбежен, но за голема среќа, постојат начини како да го намалите неговото влијание врз вашето здравје и истовремено го подобрите секојдневниот начин на живот. Еден од тие начини е наједноставен, консумирајте 100% природен сок од портокал.
Сокот од портокал содржи корисни природни шеќери кои го намалуваат стресот и го забрзуваат метаболизмот. Да, точно така, 100% сок од портокал со својот природен состав и извор на природни шеќери стимулативно влијае врз стресот. А како тоа се случува?
Подетално тие процеси настануваат вака – шеќерот во сокот од портокал доаѓа од гликозата и фруктозата. Кога се консумира, во црниот дроб и фруктозата се претвора во јаглехидрати, а нивната главна и исклучително значајна функција е обезбедување енергија за секоја клетка од телото беспрекорно и енергично да функционира.
Адекватното внесување јаглехидрати го поддржува метаболизмот на телото на повеќе начини. Кога нивото на шеќер во крвта е премногу ниско (што се случува кога интензивно се избегнува шеќерот) стресот се зголемува, затоа што тие се одговорни за враќање на шеќерот во крвотокот, што се рефлектира со стресна состојба на организмот. Доколку веднаш внесете јаглехидрати, со тоа се испраќа порака до вашето тело дека нивното ниво е задоволено и телото повторно се смирува и се ослободува од стресот.
Клеточниот метаболизам – процесот со кој телото произведува енергија со цел да функционира, е целосно зависен од обезбедување доволно гориво за клетките. А најпотребно гориво за функционирање на организмот се јаглехидратите од 100% сок од портокал. Накратко кажано – консумирајќи 100% сок од портокал, вие го снабдувате организмот со јаглехидрати, а со нив, организмот полесно функционира во извршување на дневните обврски.