Еве што може да се случи кога пиете само вода во текот на 30 дена, без промена на исхраната:
Зголемување на вашата умствена креативност и продуктивност
Ако пиете исклучиво вода во текот на 30 дена, ќе видите дека вашиот мозок реагира побргу. Помага при размислувањето и ќе ви помогне да се сосредоточите. Со пиењето на 8 до 10 чаши дневно вие ги подобрувате вашите когнитивни способности за 30 отсто.
Побавно ќе стареете од вашите врсници
Питката вода го успорува процесот на стареење такашто ја одржува кожата соодветно хидрирана. Таа ја влажни кожата, кожата останува здрава, мека, сјајна, млада и без брчки. Водата помага и при одржување на мускулниот тонус. Подочњаците ќе исчезнат, а и вие ќе забележите неверојатни промени.
Зголемен имунитет
Водата е како катализатор за обновување на оптималните телесни функции. Пиењето на соодветни количини ја подобрува функцијата на црниот дроб и бубрезите. Овие органи ги елиминираат отровните работи од организмот.
Вашето срце ќе биде посилно
Водата му помага на срцето да остане здраво. Ја смалува опасноста од срцевиот удар така што го спречува згрутчувањето на крвта и го намалува крвниот притисок. Чаша вода еден час пред спиење го намалува ризикот од срцев или мозочен удар.
Вашите коски ќе бидат посилни
Водата ја обновува ‘рскавицата која делува како амортизер и ги штити зглобните коски од оштетување. Постојат многу сведоштва кои докажуваат дека со пиење вода се подобрува и флексибилноста на коските.
Ќе се решите од вишокот килограми
Кога 30 дена пиете само вода, телото ги отстранува штетните отрови и отпадни работи од виталните органи. Вашето тело ќе стане почисто, а вашиот стомак порамен. Во почетокот може да се случи да искусите со зголемување на тежината ако вашето тело ја задржува водата пред да се прилагоди на зголемата количина вода. Дури и ако е така, водата го сузбива апетитот и ве спасува. Наскоро ќе почнете да конзумирате помалку калории, ќе изгубите тежина, а водата ќе го исчисти вашето тело и ќе придонесе да не чувствувате толку силен глад.
Вашиот метаболизам ќе се забрза
Истражуважувањата покажуваат дека постојаното пиење вода во текот на денот го стимулира метаболизмот, без оглед на прехраната. Според „Health Fitness Revolution“, ако се напиете половина чаша вода веднаш откако ќе се разбудите, вашиот метаболизам ќе се забрза за 24 отсто.